(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката за образование на БиХ, ќе ги намали своите активности

t

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, на „ТикТок“ – во којашто наведува дека, поради астролошки верувања поврзани со „ретрограден Меркур“, ќе намали со своите активности до средината на ноември, предизвика стотици коментари – од иронични и саркастични до критички, па некои дури и прашуваа, дали станува збор за вештачка интелигенција. Во видеото, министерката објасни дека периодот на „ретрограден Меркур“ трае од 30 октомври до 14 ноември, додавајќи дека изминативе денови имала низа непријатни искуства во комуникацијата со луѓето.

– Овие неколку дена имав безброј многу лоши искуства во комуникацијата, па навистина почнувам да верувам дека положбата на планетите навистина влијае на нашето расположение, нашето однесување, а всушност и на нашата комуникација, рече Дураковиќ.

На платформата „Икс“, нејзиното обраќање предизвика низа коментари, но и остри критики.

„Барам некаква трага од иронија. Упорно. Но, ја нема. Тогаш, страшно!“, „Не ми се верува оти министерката за образование зборува вакви работи“, „Дали хороскопот наскоро ќе стане задолжителен училиштен предмет“ – пишуваа корисниците. Имаше и предлози испитите да се одложат до 14 ноември, а меѓу се појави и кратко прашање: „Дали е ова вештачка интелигенција?“

Некои од интернет-корисниците, можеби ботови, ја поврзаа објавата на министерката со нејзината припадност кон Социјалдемократската партија на БиХ (СДП), одејќи дотаму што дури и ова прашање го претставија како предавство на бошњачките интереси, пишува Хина.

Дураковиќ, меѓу другото, вели дека ваквите пречки во комуникацијата ѝ паѓаат особено тешко бидејќи, според хороскопот, таа е во знакот Близнаци, а Меркур е нејзината преовладувачка планета. Покрај тоа, таа е и стручњак за комуникации, па затоа, како што објасни, целата ситуација за неа била уште потешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…

По затварањето на Алта банка во Србија…

Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…

Брнабиќ контра Вучиќ „Најтешко ми паѓа што…

Нејзината изјава доаѓа во период на политички…

Трамп призна дека војната со Иран придонела…

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…

Хакери се обиделе да ги уништат резервите…

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…