Голем штрајк во Германија, погодени повеќе од половина милион луѓе
На аеродромот во Франкфурт откажани се 1.054 од 1.116 планирани полетувања и слетувања за денеска.
Аеродромите ширум Германија денеска стапија во 24-часовен штрајк, што предизвика откажување на илјадници летови. Повеќе од половина милион патници ќе бидат погодени од штрајкот, објави Дојче веле.
Поради штрајкот, распоредот на летови беше нарушен на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Келн, Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург, Берлин и Лајпциг.
На аеродромот во Франкфурт откажани се 1.054 од вкупно 1.116 планирани полетувања и слетувања за денеска. Сите редовни полетувања и пристигнувања на аеродромот во Берлин се откажани, додека од аеродромот во Хамбург најавија дека нема да бидат можни полетувања.
Аеродромот Келн/Бон соопшти дека денеска нема да работи со редовни патнички услуги, додека аеродромот во Минхен ги советува патниците да очекуваат „значително намалени распореди на летови“.
Германската авиокомпанија Луфтханза објави дека ќе има „одложувања и големи откажувања“ на сите летови на авиокомпанијата.
Аеродромот во Хамбург беше првиот што беше погоден од штрајкот бидејќи работниците ја прекинаа работата во неделата без најава.
Синдикатот Верди повика на штрајк бидејќи не е постигнат договор со работодавачите за зголемување на платите. Тој синдикат бара потпишување на колективен договор за плати за речиси 2,5 милиони работници во јавниот сектор.
Германската влада и локалните општини соопштија дека предлозите на синдикатот, вклучително и зголемување на платите за осум отсто, повисоки бонуси и три дополнителни слободни денови, не се финансиски одржливи. Следната рунда преговори за платите е закажана за петок во Потсдам, во близина на главниот град Берлин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…