(Видео) СДСМ: Андоновски да не релативизира, Клинчарова им е надредена на сите што ги спроведувале тендерите
СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална трансформација.Сите докази и документи СДСМ јавно ги објави, вели портпаролкат на СДСМ Богданка Кузеска.
– Бараме итно постапување од ДКСК по овој случај кој мора целосно да биде расчистен. Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство. Но, наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на Државната секретарка Клинчарова. Ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција, кои се впрочем одлики на ДПМНЕ. Министерот Андоновски не може да се извлече со обидите да го релативизира случајот, тврдејќи дека Државната секретарка не учествувала во постапката. Државниот секретар раководи со целата администрација во секое министерство. Со други зборови, Клинчарова била надредена на сите кои биле вклучени во тендерската постапка што завршила кај нејзиниот сопруг. Државната комисија за спречување на корупцијата но и Јавното обвинителство мора веднаш да преземат конкретни чекори. Министерот Андоновски веднаш треба да поднесе оставка за да не влијае на постапката, рече Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…