Вучиќ: Србија нема да го поддржи апсењето на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека налогот за апсење на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ е чин што не придонесува за мирот, туку напротив – води кон дестабилизација.
„Србија секогаш ќе се бори за мир, ќе го зачува мирот и ќе го почитува Дејтонскиот мировен договор, но исто така ќе стои со Република Српска и нејзиното раководство,“ истакна Вучиќ во видео објава на Инстаграм.
Тој нагласи дека Србија никогаш нема да поддржи апсење на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ, особено не поради политички несогласувања со официјално Сараево и меѓународната заедница.
„Да живее Српска, да живее Србија!“, порача Вучиќ, пренесе Танјуг.
Обвинителството на Босна и Херцеговина, чие работење е оспорено во Република Српска, издаде наредба до судската полиција за приведување на тројцата функционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…