Почина најбогатиот кошаркар во светот по Мајкл Џордан
Џуниор Бриџман, поранешниот кошаркар и успешен бизнисмен почина на 71-годишна возраст.
Според информациите на медиумите во САД тој доживеал срцев удар во текот на хуманитарен собир во Луисвил каде што почувствувал болка во градите.
Бриџман оствари солидна кошаркарска кариера и помина 12 сезони во НБА лигата, главно во дресот на Милвоки, каде што го носеше дресот со број 2 и кој по неговото пензионирање беше повлечен од употреба.
Бридгман беше осми во изборот на НБА драфтот во 1975 година и избран од Лос Анџелес Лејкерс, но набрзо беше разменет во Милвоки во замена за Карим Абдул Џабар.
Дресот на Бакси го носеше девет сезони и оствари просек од 13.6 поени по натпревар.
По завршувањето на кариерата, Бриџман изгради импресивен бизнис со вложување во ресторани за брза храна и поседуваше над 450 објекти, подоцна го прошири бизнисот и во други сектори.
Со текот на годините со своето богатство дојде веднаш зад Мајкл Џордан по своето богатство кое беше проценето на 1.4 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа потрошила речиси 8 милијарди евра за…
И покрај политиката на Европската Унија за…
Хитлер Мусолини победи на избори во Перу:…
Неверојатна приказна пристигнува од Перу, каде што…
Најемотивниот концерт оваа есен: На 13 октомври…
На 13 октомври во прекрасниот амбиент на…
СВЕТОТ НА СПОРТОТ ВО ШОК: Откриено е…
Судењето на векот за смртта на Диего…
Македонци од Леринско повикани во полиција по…
Македонци од Леринско и Воденско во Грција…