Траги-комедија: Охриѓанка му платила на „менаџер на Агенција за помош на жртви од измами“, но и тој ја измамил

t

Охриѓанец, кој се претставувал како „менаџер на Агенција за помош на жртви од измами“, доби кривична пријава откако убедил сограѓанка да му даде пари за да ѝ врати поголем износ за кој претходно била измамена. Но, и сограѓанинот ја измамил жената, земајќи ѝ 5.000 евра, соопшти МВР.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– На 16.09.2024, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка. По ова, таа подигнала кредит од 200.000 денари, од кои 150.000 денари ги уплатила на трансакциска сметка на пријавениот, известија од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…

Поверувала дека е во врска со Барон…

Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…

Откриена голема измама во 15 европски земји:…

Властите од 15 земји разбија голема криминална…

(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…

„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…

Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…

Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…