Кривичниот суд ја смени одлуката: Асмир Јахоски оди во притвор

t

Кривичниот суд попладнево соопшти дека ја преиначил одлуката со која сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, кој е осомничен во истрагата за набавка на нафтени деривати за потребите на државата, беше упатен во куќен притвор. Со новата одлука, за која Судот одлучуваше по жалба на Обвинителството, на Јахоски му е определен мерка 30-дневен притвор и тој треба да биде спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое: Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека тој може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци“, се вели во соопштението.

„Донесеното решение е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, додаваат од Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен притворот за ќерката која со чекан…

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…

Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…