(Видео) Костадинов: Струмица е првата општина на Балканот со електричен јавен превоз – Од Владата не очекуваме „специјален третман“ туку нормална комуникација

t

Струмица е општина во која примарна економска гранка е земјоделството, фактот дека имаме 3% невработеност укажува на капацитетот кој го има Струмица. Важно е да имаме една нормална човечка комуникација со Владата, не да бараме пари, да не остават да функционираме како што можеме согласно Закон, вели во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Александар Николоски беше носител во четвртата изборна единица, ветуваше патишта, што ли не, денес истиот Николоски кочи поврзување на Струмица-Дабиле. Не ја поминуваат експропријацијата. Пуштија еден млад политичар од Советот на Струмица да држи прес-конференција пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Толку се испаничени и неискоординирани да наредниот де од ЈПДП велат дека не езавршена експропријацијата.

Струмица е првата општина на Балканот со електричен јавен превоз, само ВМРО-ДПМНЕ беше против тоа. Ние имаме нови електрични автобуси и имаме министерка за финансии којашто согласно нашето законско право за поврат на ДДВ во износ од 69 милиони денари, истакна Костадинов.

Во врска со унгарскиот кредит Костадинов праша колку од ветените 100 милиони евра за општините се реализирани.

– Колку има реализирано од ветените 100 милиони евра и во која општина? Не во Струмица, еве Струмица ја тргаме на страна, јавно нека се објави, не во фаза на реализација, не „ќе“, колку се реализирани? – прашува Костадинов.

Ако новото нормално е да се намалуваат дотации за градинки, Господ да ни е на помош, додаде Костадинов, објаснувајќи дека Владата и ресорните министерства постојано добиваат покани за официјални настани, но ја бојкотираат Струмица.

По денешната хаварија во Крива Паланка каде јаловина од рудникот „Тораница“ се излеа во Крива Река, Костадинов праша каде е Министерството за животна средина и дали ќе се позанимаваат и со овој проблем, наместо со етничките прашања.

– Зошто не се позанимаваат со ова, туку се занимаваат со промена на знамето и химната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крстевски: Ќе се кандидирам како независен…

Во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс в.д…

(Во живо) Крстевски: Пониква не е соодветен…

Пониква не е соодветна за рехабилитационен центар…

(Видео) Костадинов: Ќе разговарам со Таравари кога…

Ќе разговарам со Таравари кога ќе престане…

(Видео) Костадинов: Струмица е првата општина на…

Струмица е општина во која примарна економска…

(Видео) Бугарското вето беше руска хибридна закана…

Ветото од Бугарија за Македонија е руска…