Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани
Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени.
„(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за трагедијата во Кочани во Северна Македонија, каде што голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено 18 март да биде Ден на жалост во Србија“, се вели во соопштението на Владата на Србија, пренесено од Бета.
Најмалку 51 лице загина во дискотека во Кочани во пожар што избувна за време на концерт на познат македонски бенд.
Најголем дел од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, што се случи синоќа, се пренесени во Општата болница во Кочани, каде се уште им е укажана лекарска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…