Митовски по пресот на Тошковски: Ало, човек, не одговори ЗОШТО ДИСКОТЕКАТА РАБОТЕЛА ЦЕЛА ГОДИНА? Не сме ви ние новинарите криви!
По денешната прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој повторно ги обвини новинарите дека поставуваат „манипулативни прашања“, реагираше уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој на Фејсбук напиша:
– Намерно не отидов на прес-конференцијата на Панче Тошкоски за да не дадам повод да се оправдува и да надоврзува приказни за некаква „манипулација“.
И пак Панче Тошкоски се занимаваше со моите прашања од вчера, велејќи дека ние кои сме ги поставувале логичните прашања сме биле „НЕДОБРОНАМЕРНИЦИ“.
Ало, човек, не одговори ЗОШТО ДИСКОТЕКАТА РАБОТЕЛА ЦЕЛА ГОДИНА? Зошто полицијата цела година не ја затворила?
Зошто цела година полицијата не го собрала сопственикот бидејќи организирал нелегални забави?
Како полицијата знаела дека има забава, ама немала одговорност да обезбеди таков настан?
Ако полицијата има обврска да обезбедува вакви настани по известување, а не била известена зошто тогаш не ја спречила забавата – затоа што не била известена?
Виновници не сме ви ние новинарите. – напиша Митовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…