51 пациент се лекуваат во странство – Македонија го активираше механизмот за цивилна заштита на ЕУ

t

До сега 51 лице од повредените во страшната трагедија во дискотеката ПУЛС во Кочани се испратени на лекување во странство. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази благодарност за брзата реакција на колегите од регионот.

-До овој момент вкупно 51 македонски граѓанин е испратен на лекување во следниве земји: 9 пациенти во Република Турција, 14 пациенти во Република Бугарија, 4 пациенти во Република Грција, 17 пациенти во Република Србија, 4 пациенти во Литванија, транспортирани со авион обезбеден од страна на Романија, за сега 2 пациенти во Унгарија, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Најави дека денеска ќе бидат испратени и шест пациенти во Австрија, четири во Словенија, четири во Хрватска, и уште четири пациенти и во Норвешка и во Унгарија. За давање медицинска помош во земјава веќе се пристигнати медицински тим од Чешка, а во секој момент се очекува пристигнување на медицински тим од Израел и од Белград.

Европската Унија одговори на барањето на земјава за активирање на Механизмот за цивилна заштита, од каде се очекува дополнителна помош.

-Ние веднаш реагиравме и понудивме да евакуираме пациенти со тешки изгореници. Девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Луксембург, Унгарија и Норвешка, веднаш понудија помош, а би можела да следи и дополнителна помош, изјави Ева Хрнчирова, портпаролка на ЕК.

Медицинските тимови во повеќе болници во Србија, Бугарија, Грција,Турција, Литванија, Унгарија прават се што е во нивна моќ овие млади лица да преживеат и да поминат со помалку последици. Информациите од здравствените установи во овие земји говорат дека нивната здравствена состојба е сериозна.

Изгореници, кои зафаќаат до 28 отсто од површината на телото, симптоми на оштетување поради отровните гасови што се создаваат за време на пожарот. Некои имаат изгореници на горниот респираторен тракт, поради вдишување топол воздух. Повредите се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот.

Во секоја земја каде се испратени пациентите, МНР има определено контакт лице од кое е достапно 24 часа за родителите и пациентите,контакт листата е објавена на страницата на Министерството. Муцунски рече дека ќе предложи на Влада, државата преку СОЗР да ги покрие трошоците за пат и престој за членови на семејствата на македонските пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…