Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

t

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) „пред да биде предоцна“.

Ева Умлауф, која го преживеала нацистичкиот логор на смртта, го упати барањето во отворено писмо до Хендрик Вист, конзервативниот премиер на најнаселената германска сојузна покраина, кој повторно ги актуализираше повиците за покренување постапка против АфД поради нејзините противуставни ставови, пишува „Индекс“.

„Во мај за првпат бевте во Аушвиц, токму на местото каде што јас како девојче за малку ќе бев убиена“, напиша Умлауф во писмото што го објави весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Таа потсети на зборовите на Вист изговорени на тоа место: „Сеќавањето без последици останува само гест“.

Умлауф го повика премиерот на Северна Рајна-Вестфалија своите зборови да ги преточи во дела.

„Покренете постапка за забрана на АфД. Сега, пред да биде предоцна“, напиша еврејската лидерка.

По убедливата победа на АфД во источната сојузна покраина Саксонија-Анхалт, Вист повика да се формира работна група составена од претставници на сојузните и покраинските власти, која би испитала дали Сојузниот уставен суд треба да ја забрани крајнодесничарската партија.

Умлауф јасно нагласи дека не тврди оти историјата се повторува.

„Но, она што се случува денес во мене ги буди најлошите спомени“, рече таа.

Како причини за својата загриженост, таа ги наведе плановите на АфД во Саксонија-Анхалт децата бегалци да се образуваат во одделни паралелки, како и децата со попреченост да бидат издвоени од редовната настава.

Осумдесет и тригодишната Умлауф, исто така, ги опиша партиските планови за „ремиграција“ како противуставни. Овој термин во крајнодесничарските кругови често се користи за масовни депортации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…