Колешка му пиша на Тошковски: Ми се грози – Како може никој од актуелната власт да не е виновен?!

t

Колега Pance Toskovski , убаво што ни кажавте дека ќе ни се згрози кога ќе ги видиме доказите за вина на приведените во случајот дискотека ПУЛС – Кочани, но знаете ли дека секојдневно сме згрозени од безбројните глупоштии на државниот апарат чиј дел сте и Вие?

Ве замолувам, како колега, да ми образложите зошто утврдивте вина само кај конкретните приведени функционери и службени лица, а не утврдивте вина кај сите лица што работеле на тие позиции од 2012г. до денес?

Зошто токму тие лица – кои веќе не се на тие позиции, се виновни, а не е виновен денешниот Министер за економија и денешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, денешниот Раководител на ДИТ во Штип и денешните инспектори? Тие денешни функционери и службени лица за што земаат плата, за да ги греат фотељите? Да се правдаат дека се нови, дека не знаеле? И зошто не ги успсивте лицата што на тие позиции биле во 2012г.- зошто ви се сопартијци?

И зошто не утврдивте никаква одговорност во редовите на МВР од 2012г. до денес? Што правеле тие началници на СВР Штип цели 13 години? Биле слепи при очи? И зошто сметате дека градоначалникот не е виновен, а од 2022г. знаел дека децата му се забавуваат во штала со субстандардни услови? И зошто не ги уапсите сите виновни за шталите низ цела Македонија?
Не сакаме селективна правда, сакаме правда за која не учеле на факултет!

Пишува на Фејсбук адвокататка Јадранка Георгиева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…