Судот прифати краткотраен притвор за 16 осомничени за трагедијата во Кочани

t

Судот во Кочани го прифатил барањето на Oбвинителството за определување мерка краткотраен притвор за 16 осомничени лица во траење од 48 часа, информираат од Основниот суд Кочани.

Дел од нив се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик, а се испитуваат и дејствија на примање и давање поткуп, како и за незаконска набавка на пиротехнички средства.

Меѓу осомничените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица, кои претходно беа задржани на распит за околностите во кои се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тие се спроведени во притвор во Куманово и во Шутка.

Мерката краткотраен притвор e процесен институт за обезбедување присуство на лицата за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело, а се предлага во особено сложени предмети, кога е потребно да се прибере поголем обем на докази за проверка на сите околности и евентуално формално поведување истрага. Оваа мерка, предвидена согласно член 170 од Законот за кривичната постапка, може да се определи најмногу два пати по 48 часа без да биде донесена формална наредба за спроведување истражна постапка. Тоа му овозможува на јавниот обвинител да го задржи лицето за кое постои сомнение подолго од основните 24-часа полициско задржување. Смислата на оваа законска одредба е да му овозможи на јавниот обвинител да има доволно време, особено во тешки и сложени предмети, да ги преземе сите активности и да ги утврди фактите и околностите, како и конкретните својства и дејствија на лицето кои ќе ги испитува понатаму во истражната постапка. По формалното отворање на истрагата, јавниот обвинител предлага нови мерки за обезбедување на осомничениот, односно краткотрајниот притвор се укинува и најчесто се определува редовен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот прифати краткотраен притвор за 16 осомничени…

Судот во Кочани го прифатил барањето на…

Продолжен притворот за ќерката која со чекан…

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…