Денеска го прекинуваме постот! Сограѓаните Албанци излегуваат на протестот во 18:00 часот
Sot iftarin e bëjmë në sheshin Maqedonia. Mbledhemi per ta kaluar dhimbjen ne bashkim. Mbledhemi per ti kujtuar viktimat dhe t’i japim rehati njëri tjetrit. Денеска ќе го прекинеме постот во Македонија. Се собираме да ја надминеме болката во семејството. Се собираме да се потсетиме на жртвите и да си дадеме утеха еден на друг, стои во објавата на Фејсбук на граѓанското движење „Кој е следен“ кое ги организира протестите на плоштадите ширум Македонија.
Претходно граѓанската иницијатива „Кој е следен“ на социјалните мрежи ги повика граѓаните денес 18 март, да се соберат на градските плоштади ширум земјава и да одадат почит на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на друг утеха, ако воопшто и можеме. ,,Кој е следен?” повикува на заедништво во ужасов. Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18:00 часот да се соберат на плоштадите од своите градови и да не поминуваат низ ова сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени. Тек допрва ќе доаѓаат црните денови за нас, а низ Македонија заедно ќе се тагува и плаче. Така, ќе треба и Македонија заедно да се лечи. Изразуваме длабоко сочувство до фамилиите и нека им почиваат души во мир“, се вели во објавата на иницијативата „Кој е следен?“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…