Митовски: Еве ви Закон, за што е одговорна полицијата! Одговорноста освен во ОВР Кочани и СВР Штип паѓа и на БЈБ и МВР!
Покрај останатите одговорности на полицијата – проверка на работно време, присуство на малолетници, точење алкохол, трговија со наркотици, проверка на дозвола за работа – сите до една со можност за затварање на „клубот“ веднаш постои и обврска на полицијата да провери употреба на пиротехнички средства и доколку констатира дека се употребуваат без сертификат веднаш да го затвори „клубот“ и да го собере сопственикот.
Оттука, одговорноста освен во ОВР Кочани и СВР Штип паѓа и на БЈБ и МВР бидејќи тие се одговорни и за началниците и командирите кои тие ги поставиле и за нивната работа, но и за неводењето евиденција, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
– Подолу се одредбите од Законот за заштита од експлозивни материи согласно кој целата одговорност е на МВР.
Ако знаеме дека цела година (и повеќе години) се користеле овие пиротехнички средства, видно од објавите на социјални мрежи тогаш јасно е кој сторил кривично дело со несторување, стои во објавата.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…
Не дека многу ги почитувам или поздравувам…
(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…
Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…
(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…
Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…
Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…
Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…