Салиу: Пробував да не коментирам, не можете да зборувате за овој систем како да сте паднале од Марс!
Пробувам да не коментирам политички изјави во вакви тешки моменти, но не можам да се воздржам, бидејќи и овој настан не поминува без обиди да се искористи за ПР или контра-ПР офанзива од страна на политички субјекти.
Замислете, на првата прес-конференција по трагедијата во Кочани, премиерот се обрати до јавноста… Половина од неговото обраќање го искористи за да зборува за себе и за своите принципи!
Знаете, апсолутно не ни е гајле, Премиере!
Не можете да зборувате за овој систем како да сте паднале од Марс!
Не сте од вчера во политиката.
Овој систем го создадовте вие – заедно со вашите сопартијци, поранешни и сегашни коалициски партнери, како и вашите таканаречени политички противници.
Додека устата ни е полна со зборови за одговорност, морал, етика и принципи, педесет повредени деца се лекуваат во странство. Дали постои поголем срам за една држава? Државата не е способна да ги лекува ни сопствените деца!
Средношколците не знаат како да реагираат во случај на пожар! Во нормални држави, со соодветни образовни програми, децата уште од основно училиште учат како да постапат во случај на опасност или природна катастрофа.
Погледнете го хаосот што настана по несреќата. Никој не знае од кого да бара одговорност.
Мислите дека тоа е случајност? Апсолутно не! Со години системот се комплицира, се создаваат нови министерства, агенции, управи… Зошто? За да има место за сите, за сите да добијат дел од колачот, но и за да се избегне одговорност доколку некогаш некому му текне да покрене истрага за криминал.
На почетокот на вашиот мандат ви реков дека имате двотретинско мнозинство во Собранието. Тоа е огромна политичка моќ, но истовремено и огромна одговорност.
Нека овој настан биде повод конечно да се промени нешто. Еве, имате одврзани раце да преземете сè што не сте можеле порано. Ги имате и двотретинското мнозинство и моќта. Едноставно, повеќе нема изговори!
Неточно е дека овој систем не може брзо да се среди! Може, и тоа како – само треба волја и решителност, без калкулации со гласови.
Но проблемот е што тоа би значело жртвување на сопартијци, кратење на привилегии и губење на „пријатели“. А токму од тие работи вечните функционери најтешко се откажуваат.
Твитер статус на новинарот Фуркан Салиу
Пробувам да не коментирам политички изјави во вакви тешки моменти, но не можам да се воздржам, бидејќи и овој настан не поминува без обиди да се искористи за ПР или контра-ПР офанзива од страна на политички субјекти.
Замислете, на првата прес-конференција по трагедијата во… pic.twitter.com/PNAcZYyAwA— Furkan Saliu (@FurkanSaliu) March 18, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…