Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв за повредените во Кочани
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале крв за повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ кои се лекуваат во Софија – ова го соопшти бугарскиот Црвен крст за агенцијата БТА.
Сепак, многумина се прашуваат дали собраната крв ќе биде доволна за сите повредени. Затоа, организаторите апелираат до граѓаните да продолжат со дарувањето до крајот на неделата.
Крв може да се даде во две клучни институции во Софија. Првата е Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И. Пирогов“. Втората е Националниот центар за трансфузиона хематологија. Денеска, 381 граѓанин учествувал во акцијата за повредените во Кочани. Вчера, пак, за само три часа над 120 луѓе дарувале крв.
„Со болницата ‘Н.И. Пирогов’ и Националниот центар за трансфузиона хематологија организираме голема акција за да обезбедиме крв за младите луѓе повредени во несреќата во Кочани“, велат од Црвениот крст на Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…