Комеморација во Брисел за жртвите од пожарот во Кочани
Вечерва во Брисел се одржа комеморација за жртвите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани во организација на здружението „Македониум“ и бриселската Македонска православна црковна општина „Св. Илија – Св. Архангел Михаил“
Присутните им оддадоа почит на загинатите со двоминутен молк.
На собирот се обрати македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски, кој изрази жалење за трагичниот настан и сочувство за жртвите, но и благодарност до Белгија, Луксембург и до Европската Унија за укажаната помош за згрижување на повредени при пожарот.
Белевски воедно им изрази благодарност и на нашите сограѓани во Белгија кои изразија подготвеност и понудија сместување на роднините на повредните млади луѓе кои од денеска се префрлени на лекување во оваа држава и услуги за превод.
На собирот куси обраќања имаа и грчката амбасадорка во Белгија, Софија Грамата и претставници на „Македониум“ и на српското здружение „Круг“.
На комеморацијата беше поставена и книга на жалост во која присутните изразуваа сочувство за жртвите и солидарност со нивните семејства, а можеа и да донираат парични средства за поддршка на повредените и нивните роднини кои деновиве ќе престојуваат во Белгија.
Рано изутринава на лекување во Белгија беа пренесени четворица настрадани во пожарот од кои двајца се сместени во болница во Брисел, а по еден во Антверпен и Шарлероа. Тие беа префрлени во Белгија, со посредство на Европската Унија, со специјален авион на Вооружените сили на Романија.
По повод трагичниот настан во Кочани, во нашата Амбасада во Брисел е отворена книга на жалост во која наши државјани, но и странски граѓани и дипломатски претставници, оставаат пораки за сочувство за жртвите во . Заинтересираните можат да изразат сочувство секој ден во текот на оваа работна недела од 10:00 до 12:00 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата на жалост ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…
По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…
Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
Брисел подготвува нови правила за проширувањето на…
Европската Унија подготвува измени во правилата за…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…