Ангелов: На погребот во Кочани да бидат само најблиските
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ги замоли ужалените граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната погребна церемонија, туку тоа да го напрват отпосле.
Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда.
-Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба утеха од најблиските кои претходно ќе влезат со нив. Но, тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите е најголема, вели Ангелов.
Затоа, како што истакнува, денес да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб.
-Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани, како и свештениците во другите градови и села, непречено да ја одржат погребната церемонија, вели тој.
Ангелов посочува дека поради конфигурацијата на теренот на градските гробишта во Кочани невозможно е безбедно влегување на поголем број на луѓе внатре во гробиштата.
-На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Ги замолувам останатите ужалени граѓани, да останат надвор од портите на гробиштата. Достоинствено, без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настраданите. По завршувањето на погребната церемонија, но и следните денови, сите ужалени граѓани, постепено, еден по еден, ќе можат да отидат до вечните почивалишта на настраданите, да се помолат за нивните души, да положат цвеќе, да запалат свеќа, вели Ангелов.
Ангелов информира дека на и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…