Објавено на:

Во Турција уапсени 37 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу

t

Триеесет и седум лица се приведени во Турција под сомнение дека објавиле провокативни коментари на социјалните мрежи за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Како што изјави министерот во објава на социјалната мрежа Х, осомничените „објавија провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу кои поттикнуваат злосторства и омраза“.

Според него, турските власти идентификувале 261 контроверзни профили  на социјалните мрежи, од кои 62 се од странство, пренесува Ројтерс. Министерот додаде дека во првите 24 часа по апсењето на Имамоглу, на социјалната мрежа Х биле споделени повеќе од 18 милиони објави за настанот.

Турската полиција во средата го уапси градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, под обвинение за водење на криминална организација, поткуп, местење понуди и помагање на терористичка организација.

По апсењето, повеќе од 100 луѓе се собраа пред седиштето на полицијата во Истанбул за да протестираат против апсењето.

Имамоглу во своето прво обраќање по апсењето на платформата Х рече дека турскиот народ ќе одговори на „лагите, интригите и замките“ насочени против него. Само еден ден претходно, Универзитетот во Истанбул објави дека му ја укинала универзитетската диплома на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, поради наводни неправилности кои не се во согласност со прописите на Одборот за високо образование.

Екрем Имамоглу е главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а опозицијата за неколку дена треба да го избере својот претседателски кандидат на следните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…

Размена на тешко ранети војници и можна…

На денешната средба помеѓу руската и украинската…