Одреден 30-дневен притвор за 24 од осомничените за трагедијата во Кочани, меѓу нив и тројцата градоначалници
Основниот суд Кочани им одреди 30-дневен притвор на 24 од вкупно 27 осомничени лица опфатени во истрагата за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.
Меѓу лицата за кои е одреден притвор во времетраење од 30 дена се и тројцата градоначалници на Кочани опфатени во постапката, потврдија од Основниот суд Кочани. Станува збор за градоначалникот на Кочани во заминување Љупчо Папазов и неговите претходници Ратко Димитровски и Николчо Илијев.
Кочанскиот градоначалник во заминување Љупчо Папазов и двајцата претходни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев беа приведени во четвртокот вечерта.
Димитровски е поранешен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а Илијев од СДСМ. Инаку, Папазов, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ, дента по трагедијата во Кочани (16 март) беше повикан на информативен разговор, кој заврши следниот ден, по што тој беше пуштен без никакви дополнителни мерки.
Инаку, 30-дневен притвор му е одреден и на ексминистерот за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка во ова Министерство, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и раководител во Министерството, Беким Хаџиу.
Во рамки на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која ја предводи Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, осомничени се 27 физички и три правни лица. Тројца од осомничените се во болница, а на сите останати, вкупно 24, им е одреден 30-дневен притвор.
Во одделна постапка во врска со трагедијата, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против седум високи полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип и Полициската станица од општа надлежност Кочани, на кои веќе им одреден 30-дневен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…
Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…
Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…