При напад на руски дрон врз Киев, три лица загинаа меѓу кои и едно петгодишно дете
Во напад со беспилотно летало на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на Телеграм.
Во соопштението се наведува дека тревогата за воздушен напад во Киев синоќа траела пет часа.
„Според достапните информации, три лица загинаа, меѓу кои и едно петгодишно дете. Уште десет се повредени. Меѓу загинатите има татко и неговата мала ќерка, а најмладата ранета жртва на рускиот напад има само 11 месеци“, се вели во соопштението на воената управа на Киев.
Напади со беспилотни летала во текот на ноќта во областите Подилски, Днепропетровск и Холосивски се предизвикани пожари кои биле изгаснати, додека во населбата Шевченковски остатоци од соборениот дрон паднале на станбена зона и оштетиле шест автомобили.
Како што објави оперативно стратешката група „Кортиција“ во објава на Телеграм, украинските одбранбени сили одбиле руски напад од оклопна колона во насока Новопавловск, пренесе Укринформ, јавува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…