(Видео) „Песнава ме прогонува со денови“ – Џамбазов ја пее „Ако утре ме нема“ во чест на Андреј и жртвите од пожарот

t

„Песнава со денови наназад ми дише во врат. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации“ – вели Игор Џамбазов, кој со многу тага ја пее „Ако утре ме нема“ од ДНК.

pesnava-ne-progonuva-so-denovi-djambazov-ja-pee-ako-utre-me-nema-vo-chest-na-andrej-i-zhrtvite-od-pozharot-01.jpg

Изминатата недела беше тешка за сите, со многу солзи, споделување убави и тажни спомени за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, и најтажниот ден – погребот на 59-те загинати.

Со болката секој се справи различно – едни со молк, други со објава на фотографии од блиските и по некоја раскажана анегдота за нив или за времето поминато заедно.

Тоа го направи и Игор Џамбазов, кој на својот Инстаграм објави фотки со Андреј од ДНК, со Сара Пројковска и се прости од сите жртви во пожарот.

Една недела по несреќата, Игор вели дека и понатаму не може да го прифати фактот дека некои негови пријатели и соработници ги нема, па објави видео во кое ја пее „Ако утре ме нема“.

pesnava-ne-progonuva-so-denovi-djambazov-ja-pee-ako-utre-me-nema-vo-chest-na-andrej-i-zhrtvite-od-pozharot-03.jpg

„Песнава ме прогонува. Со денови наназад ми дише во врат.

Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не зараснува.

Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации.

Почивајте во мир деца наши…“, напиша тој во пораката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…