Иако најавуваше дека ќе го предводи народот: Мицкоски оние кои повикуваат на протести ги нарекува „глувци“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече дека ја разбира потребата од протести, по трагедијата со 59 мртви во Кочани, но дека во позадина, како што рече, тие криеле „политички глодари“.
По завршувањето на седумдневната жалост, за денеска се закажани два протести во Скопје,меѓу кои студентскиот напладне во 13.00 часот и оној во Центар во 18.59 на движењето „Кој е следен“ на плоштадот „Македонија“.
– Сите ние сме незадоволни, и тука не треба да имаме дилема, работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи се решија од оваа влада и за многу работи оваа влада беше браник. Тоа е проблем за политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен преку овие протести. Преку ноќ не може ништо да се направи, поразивме неколку мафијашки здруженија, а ќе продолжиме и во периодот кој што ќе следи. Да останеме сите фокусирани и обединети во решавање на проблемите, рече Мицкоски.
Прмеиерот додаде дека владата разгледува акционен план со прогласување мораториум, со кој ќе бидат разгледувани лиценци и дозволи, но додаде дека ресурсите и алатките се ограничени.
Пред не повеќе од две недели Премиерот Христијан Мицкоски најави протести доколку не си поднесат оставки членовите на Судскиот совет за кои беше изгласана недоверба во Собранието. Тие протести, како што рече, ќе ги предводи лично тој.
„Ќе им се случи народ, народ ќе им се случи, ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда, такви се законите ние не можеме сега друг тип на закони да цртаме или да пишуваме, тоа е за жал така е. Затоа тие истите имаат таква доверба, замислете вие кај граѓаните доверба под 2%, 3%, 5% или 8%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает, па ќе им се случи народ. Нема играње со такви работи, прв ќе бидам кој ќе го води народот, прв ќе бидам, ви ветувам дека тоа ќе се случи и после тоа да нема вака било, така било“, нагласи вечерва Мицкоски во интервју на Канал 5.
Сега прашањето е зошто не се појави на овие протести денес или можеби чувствува лична одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…