Драма во Студеничани: Криминалци насила држеле мигранти во подрум, ги ослободила полицијата

t

Група мигранти, кои криминална група насила ги држела во подрум во скопското село Студеничани под закана со оружје, попладнево побарале помош од Обвинителството, по што биле ослободени од полицијата, објави „Нетпрес“ повикувајќи се на свои извори.

Мигрантите преку електронска мејл-порака побарале помош од ОЈО, по што реагирала полицијата.

Испратени биле екипи од МВР, кои прегледале две куќи во Студеничани, а во втората, во подрумот ги пронашле шестемина мигранти. Седуммина луѓе кои биле затекнати во куќата биле уапсени и полицијата дополнително ќе проверува дали и како тие се вмешани во случајот, пишува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…