Драма во Студеничани: Криминалци насила држеле мигранти во подрум, ги ослободила полицијата
Група мигранти, кои криминална група насила ги држела во подрум во скопското село Студеничани под закана со оружје, попладнево побарале помош од Обвинителството, по што биле ослободени од полицијата, објави „Нетпрес“ повикувајќи се на свои извори.
Мигрантите преку електронска мејл-порака побарале помош од ОЈО, по што реагирала полицијата.
Испратени биле екипи од МВР, кои прегледале две куќи во Студеничани, а во втората, во подрумот ги пронашле шестемина мигранти. Седуммина луѓе кои биле затекнати во куќата биле уапсени и полицијата дополнително ќе проверува дали и како тие се вмешани во случајот, пишува порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…