СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“, одговори на новинарско прашање Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ.
– СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен“. Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред сè – неопходни.
Ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна – дисциплинска, кривична, политичка – за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации.
Веруваме дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците. – вели Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…