Сведоштво на Борче за дискотеката „Пулс“: Видов испружена рака која бара помош, тоа беше мојата сопруга
Борче Јованчевски беше меѓу првите што алармираше за пожарот во дискотеката во Кочани, повикувајќи на помош. Неговиот апел ги мобилизираше граѓаните, а тој самиот храбро се враќаше внатре, помагајќи во спасувањето.
„Пејачите рекоа сите надвор, сите надвор, ќе се вратиме, и ние полека почнавме да излегуваме, јас ја држев сопругата за рака и наеднаш од јаглерод моноксид се онесвестив. Бог ми да де некоја сила, не можам да опишам, се разбудив и видов дека сопругата не ја држам повеќе за рака. Пробав да излезам бевме заглавени, некако Бог ми даде сила се искачив и паднав надвор. Прво што направив истурив вода на лицето и почнавме да ги извлекуваме луѓето. Тие беа заглавени, сите пружаа раце некој можеше да се извлече некој не“, раскажува Јованчевски.
Тој вели дека до него бил член на обезбедувањето кој поради неговата сила успеал да спаси голем број на луѓе.
„По извесно време дојде дедо ми и со него продолживме да ги вадиме луѓето. Од едната страна гореше бела даска, ја тргнавме даската јас видов испружена рака и слушнав како некој го довикува моето име, тоа беше мојата сопруга, раскажува“, тој.
Откако успеал да ја спаси сопругата ја однел во болница каде што како што вели било страшен хорор, родителите си ги барале своите деца.
„Сопругата сега е во Скопје, а јас се молам за неа и за сите деца да оздрават“ вели Борче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…