„Кој е следен“ денеска пред Собранието!

t

Пред Собранието денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи собир на граѓани во организација на Иницијативата „Кој е следен“ насловен „Народно собрание“.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека поради одржување на протест пред Собранието, Единицата за безбедност на патниот сообраќај со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Оттаму апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.

Во најавата, од граѓанското движење ги повикуваат оние кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.

– Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее – велат од „Кој е следен?“.

Последниот протестен марш на Иницијативата „Кој е следен“ се одржа на 24 март под мотото „Не само како поединци, туку како заедница“.

Приоритетни барања на Иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Арон Орбан му е одреден едномесечен…

Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026…

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина…

Цената на електричната енергија за домаќинствата во…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…