Порака од собирот пред Собранието: Ова е последен крик, или сите ќе се отселиме или ќе станеме жртви

t

Со барања за кривична и морална одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 59 млади лица говорниците пред Собранието освен што побараа кривична и морална одговорност, поставуваа и прашања до министрите на собирот пред Собранието во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен“.

До министерот за транспорт Александар Николовски за дивоградбите, додека од министерот за здравство Арбен Таравари побараа јавно и транспарентно да го достави целиот извештај за изградбата на болницата во Штип, зошто таа не е во употреба и колку пари се потрошени за изградбата на објектот.

Еден од говорниците констатира дека овој систем 35 години одзема животи.

-Едни профитираат други умираат. Тука сум заради неодговорнста на одговорните, сакам да градам иднина тука. Се додека мечката не заигра во нивниот двор тие нема да бидат свесни. Луѓе свестете се, време е да ставиме крај! Ова е последен крик, или сите ќе се отселиме или ќе станеме жртви – порача говорникот.

Тие ги критикувваа пратениците, системот и им порачаа на граѓаните да не седат  дома туку незадоволството да го артикулираат на  собирот пред  Собранието.

Учесник  на собирот  предложи следните собири да бидат пред седиштата на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ во Мала Речица.  Тој предложи Иницијативата да објави јавен повик за професионалци наместо партиски кадри да бидат вработени во институциите. На собирот беше побарано проширување на истрагата за дискотеката „Пулс“.

Фото: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…