Пожар во дом за стари лица во Германија, најмалку 25 повредени
Најмалку 25 лица се повредени во пожар во дом за стари лица во Нордштадцентрум во градот Хановер, Германија. Еден од повредените се бори за живот, додека други двајца се потешко повредени.
Според портпаролот на полицијата, медицинскиот персонал го забележал пожарот во една просторија, и ја алармирал противпожарната служба.
Покрај повредените, 16 други лица морале да бидат евакуирани.
Според полицијата, горниот кат на домот веќе е нефункционрален.
„Увидот е во тек“, изјави портпаролот на противпожарната служба за Билд.
Во домот во моментот на пожарот имало 100 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…