Деканката на Филозофскиот факултет нападната со нож, итно е пренесена во Ургентниот центар
Деканката на Филозофскиот факултет во Ниш Наталија Јовановиќ била нападната со нож од жена во Ниш.
Оваа информација ја објавија српските медиуми, а Наталија Јовановиќ била однесена со брза помош и моментално е на пат кон Ургентниот центар.
Очевидци за N1 изјавиле дека слушнале како претходно напаѓачот и рекол дека ќе и фрли киселина.
Луѓето ја однеле деканката во блиската обложувалница, а потоа пристигнала брзата помош.
Еден од очевидците вели дека во групата имало повеќе луѓе.
Инаку деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ беше прва меѓу деканите која јавно застана покрај своите студенти, кога шест часа ја блокираа зградата на Универзитетот во Ниш, а потоа најавија дека го блокираат Факултетот. Привлече големо внимание во јавноста, а од самиот почеток беше мета на владините медиуми, владините функционери и претседателот на Србија.
Девет години е на чело на Филозофскиот факултет во Ниш, а малкумина знаат дека ваква ситуација со студентите доживеала во 90-тите години, кога била „млада асистентка“, но „доволно зрела“ да сфати дека на младите им е потребна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…