Паѓа и Ердоган? Над 60 проценти од Турците сакаат предвремени избори
Дури 63,5 отсто од испитаниците позитивно се изјасниле за предвремени избори, додека 33,2 проценти од Турците дека се против, а 3,3 отсто дека не знаат.
Анкетата ја изработи агенцијата СЕР-АР од 24 до 27 април, при што 2.000 луѓе требале да одговорат на прашањето: Дали според вас треба да има предвремени избори во 2025 година?“.
Опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) вчера почна кампања за собирање на потписи за ослободување на Имамоглу и организирање предвремени извори.
Лидерот на ЦХП, Јозгјур Јозел најави и дека секој викенд ќе организираат протести во различни турски окрузи, а секоја среда во Истанбул.
Апсењето на Имамоглу, како дел од истрагата за корупција и тероризам, предизвика бран протести во Истанбул и други градови во Турција. Опозицијата го одржа својот најголем митинг за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул на 29 март, кога, според процените на Јозел учествувале 2,2 милиони луѓе.
Имамоглу важи за главен политички ривал на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Имамоглу на внатрепартиските избори на 23 март беше номиниран за претседателски кандидат на ЦХП, еден ден откако беше притворен.
Редовните претседателски избори во Турција треба да се одржат во 2028 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…