Двајцата поранешни градоначалници на Кочани одат во куќен притвор – oстанатите се во ефективен

t

Двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ одат во куќен притвор. Ова произлегува од одлуката на штипска Апелација, која ги отфрли жалбите како недозволени. Димитровски и Илијев во петокот добија 30 дневен притвор. Откако се жалеа, совет од тројца судии од кочанскиот суд им го смени ефективниот притвор со куќен. Според денешната одлука на апелација – странките не требало да добијат повторно право жалба.

„Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани од 24.03.2025 година, се отфрла како недозволена“ се вели соопштението на Апелациониот суд во Штип.

Штипска Апелација ја уважила жалбата на Димитровски за определените мерки за претпазливост, па кочанскиот суд треба повторно да одлучува за одземањето на пасошот.

Кочанскиот суд определи притвор за вкупно 24 осомничени за Тешки дела против општата сигурност, 22-ца се жалеа и бараа укинување и замена со поблаги мерки. Судот ги потврди притворите за 19 кои остануваат во истражните затвори во Скопје и Куманово.

Меѓу нив е и градоначалникот Љупчо Папазов кој по трагедијата поднесе оставка, екс-министерот Бектеши и поранешниот директор на ДПИ Трајковски и на ДСЗИ Максути.

Освен Илијев и Димитровски во куќен притвор е и екс-диркеторката на ДПИ Анера Симевска Димовска. Со истрагата се опфатени и седум полициски службеници од Штип и Кочани кои се во притвор со одлука на скопскиот крвичен суд. Во пожарот што е случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 190 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…