Додик најавува, Кремљ не потврдува дали ќе има средба со Путин
Во понеделникот Додик на социјалните мрежи објави дека пристигнал во Москва и го посетил гробот на непознатиот војник.
„Доколку тоа се случи, ќе ве информираме“, рече Песков, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има работна средба меѓу Путин и Додик.
Покрај тоа, портпаролот на рускиот претседател ја коментираше изјавата на американскиот лидер Доналд Трамп за неговата подготвеност да воведе секундарни царини против Русија.
– Вчера практично веќе разговаравме на оваа тема. Ги продолжуваме нашите контакти со американската страна. Темата е многу сложена, како и прашањето што го разгледуваме, а е поврзано со регулирањето на ситуацијата во Украина. Тоа бара многу дополнителен напор. Ги продолжуваме нашите контакти со американската страна – рече Песков.
Претходно Трамп изјави дека е подготвен да воведе секундарни царини против Русија доколку не биде постигнат напредок во решавањето на украинското прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нуклеарното оружје е основа на руската безбедност,…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека…
Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин…
Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин,…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Кремљ: Рано е да се зборува за…
Не треба да има предвремени заклучоци за…
Блумберг објави аудио снимка: САД и Русија…
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф им дал…