Објавено на:

Нуклеарното оружје е основа на руската безбедност, вели Песков

t

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нуклеарното оружје е основа на националната безбедност на Русија и гаранција за нејзиното постоење.

Според него, рускиот нуклеарен арсенал ја штити земјата од закани и претставува клучен елемент на нуклеарното одвраќање.

„Нуклеарна сила не може да биде загрозена, ниту нејзиното постоење. Тоа ни дава сигурност и е темел на нуклеарното одвраќање“, изјави Песков, пренесуваат руските медиуми.

Осврнувајќи се на односите со Европа, Песков оцени дека сè поголемите дискусии во Европската унија за можни преговори со Москва претставуваат позитивен сигнал за Русија.

Тој рече дека Москва е заинтересирана за обновување на дијалогот со Европа и повтори дека Русија не е виновна за прекинот на односите.

Песков ја коментираше и можноста шефицата на европската дипломатија Каја Калас да биде евентуален посредник во разговорите, наведувајќи дека таа „не е во позиција“ да преговара со Русија.

Претходно неделава, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија развила нуклеарни способности „без конкуренција во светот“ и дека Москва продолжува со модернизација на своите нуклеарни сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…