Објавено на:

Кривична против тројца полицајци, влегле насилно во дом скопјанец и го влечеле пред малолетниот син

t

Министерството за внатрешени работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци М.Т., С.Р., и Ф.Ѓ од полициската станица Аеродром. Тие се сомничат дека извршиле малтретирање врз лице и притоа му го влегле насилно во неговиот дом.

„Првопријавениот М.Т. и второпријавениот С.Р. на 24.02.2025 пред влезната врата од станот сопственост на лице од Скопје, го известиле дека се дојдени да извршат службен разговор во врска со поднесена поплака од неговата сопруга, но тој не им дозволил да влезат, бидејќи немале налог од суд за влез во неговиот дом. Потоа М.Т. неовластено влегол во домот и насилно почнал да го влече оштетениот, го удирал по ногата и се обидел да го лиши од слобода, при што дејствијата ги преземал пред малолетниот син на оштетениот. Со тоа М.Т. сторил две кривични дела односно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ, додека второпријавениот С.Р. заедно со третопријавениот Ф.Ѓ. сториле кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ“, информираат од полицијата.

Од МВР дополнуваат дека против полициските службеници М.Т., С.Р. и Ф.Ѓ. е поднесен и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување…

Голем удар врз руската технологија: Дронови погодиле…

Војната меѓу Русија и Украина влезе во…