Членките на ЕУ во среда треба да гласаат за контрамерки на американските царини
Членките на Европската унија во среда, на 9 април, треба да гласаат за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум, изјави денеска висок функционер на ЕУ.
Овој предлог на Комисијата ќе биде усвоен доколку не се спротивстави квалификувано мнозинство од 15-те земји-членки, кои претставуваат 65 отсто од населението на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ги критикуваше новите американски царини и најави дека ЕУ веќе подготвува контрамерки.
„Европа е во завршна фаза од првиот пакет мерки како одговор на првите царини за челикот, а ние подготвуваме и дополнителни мерки доколку преговорите не дадат резултати“, рече Фон дер Лајен.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини за повеќе од 180 земји и територии во светот, вклучително и царина од 20 отсто за стоки увезени од ЕУ.
Администрацијата на Трамп, која го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, воведе и царини од 25 отсто за увоз на сите автомобили од странско производство.
Тие доаѓаат по царините од 25 проценти кои веќе се воведени за челик и алуминиум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…