Објавено на:

Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и култура

t

Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и културно наследство, напиша на Фејсбук претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, по средбата со Сефер Сефери, претседател на разгранокот на МАЕИ за Каваја, кој по потекло е од Голо Брдо.

-Каваја е дом на значителен број Македонци со потекло од областа Голо Брдо, кои низ генерации ја чуваат својата културна и национална припадност. Оваа посета е потврда за нивното место во албанското општество и значењето на нивниот придонес во локалната заедница, пишува во објавата.

Спиропали, како што наведува,  минала пријатни мигови и во друштво на пошироката  фамилија  на Сефери, за која  оценува дека е „приказна за успех, интеграција и напредок”.

Според неа, Сефери се сложна фамилија, која со својата работа во градежништвото ја зајакнале локалната економија, создале можности за вработување на жителите од околината и придонеле  за поразвиена Каваја. 

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…