Две европски земји воведоа забрана за влез на Милорад Додик
На претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и на уште двајца политичари ќе им биде забранет влез во Австрија и Германија, пишува австриски Куриер. Оваа одлука ја соопшти австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер (Неос), при посетата на Сараево.
Како што пишува Куриер, според министерката, „ќе се преземат мерки за да се спречи во иднина тројца одговорни политичари од Република Српска да влезат во Австрија и Германија“.
Овие мерки се донесени во тесна координација со другите европски партнери, со цел да се запрат одговорните политичари од босанскиот ентитет, пишува N1 Сараево.
„Милорад Додик ги доведе своите сецесионистички провокации и дејствија до нова кулминација и јасно ги премина законските црвени линии“, нагласи Мајнл-Рајзингер.
„Веќе не сакаме да го толерираме ваквото однесување. Лирман додаде: „Границата дефинитивно е надмината!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бројот на жртви во нападот во Грац…
Универзитетската болница во Грац потврди дека едно…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…
Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…