Трансродовата ќерка на Илон Маск: „Во последниот разговор ми рече дека сум овца“
Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, сè почесто јавно говори за нарушениот однос со нејзиниот татко. Во искрен 90-минутен разговор со јутјуберот Хасан Пајкер, таа откри детали од нивната последна интеракција – расправија за време на пандемијата со ковид-19, по што во целост прекинале контакт.
„Една од нашите последни комуникации беше кавга околу носењето маска. Ми испрати гиф од овца со пораката: ‘Престани да бидеш овца.’ Беше застрашувачки“, вели таа.
Во текот на пандемијата, Маск често ширеше дезинформации за ковид-протоколите и јавно ги омаловажуваше маските, сметајќи ги за „непријатни за носење“. Таквиот став наиде на бројни реакции во јавноста.
Илон Маск изјави и дека неговата трансродова ќерка е „мртва“ и дека „ја убил ‘woke’ вирусот“, a таа му одговори преку социјалната мрежа Тредс: „Изгледам прилично добро за мртва кучка“.
Во февруари годинава, кога медиумите објавија дека Маск добил дете со Ешли Сент Клер, Вивијан се пошегува на интернет со видео: „Уау, да добивав по еден денар секогаш кога преку Редит ќе дознаев дека имам полубрат или полусестра, сега ќе имав два денара… Не е многу, ама е чудно што се случи двапати, нели?“.
Неколку недели подоцна, откако дознала дека Маск добил уште едно дете, овојпат со Шивон Зилис, Вивијан објави ново видео со саркастичен тон: „Ова веќе е застарено, ама нема врска“, додавајќи во коментарите: „Преку Редит дознав за две, ама преку интернет вкупно седум.“
Според достапните информации, Маск има најмалку 13 деца, а можно е и 14. Со поранешната сопруга Џастин Вилсон ги има близнаците Вивиен и Грифин, тројките Кај, Саксон и Демијан, како и покојниот син Невада. Со пејачката Грајмс ги има децата X Æ A-Xii, Екса Дарк Сидериел и Техно Меканикус. Со Шивон Зилис ги има близнаците Страјдер и Азур, како и децата Аркадија и Селдон. На почетокот на 2025 година, наводно доби дете и со Ешли Сент Клер – што би значело дека има 14 деца со четири различни жени, ако тврдењата се потврдат.
Според медиумите, Маск наводно плаќа милионски износи за алиментација, иако татковството со Сент Клер сè уште не е официјално потврдено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трансродовата ќерка на Илон Маск: „Во последниот…
Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон…
Хорор во Скопје: Ќерка ја нападнала мајката…
26-годишна скопјанка е уапсена откако во нејзиниот…
Монструм ја убил штотуку родената ќерка: Сакал…
Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека…
Мајка ја нападнала ќерка си во Тетовската…
Дваесет и едногодишна жителка на гостиварско село…