Објавено на:

Монструм ја убил штотуку родената ќерка: Сакал првороденото дете да биде машко

t

Пакистанската полиција денеска уапси маж осомничен дека го убил своето седумдневно девојче, затоа што сакал неговото првородено дете да биде машко, соопштија властите во градот Мјанвали.

Бебето по име Џенет, што на официјалниот урду јазик во Пакистан, значи „рај“, било застрелано со огнено оружје во понеделникот неколкупати, соопшти полицијата.

Осомничениот е уапсен во близина, се вели во извештајот на полицијата.

Организациите за човековите права предупредуваат дека девојчињата и жените во Пакистан редовно се соочуваат со насилство од најразлични причини. Оваа земја е на трето место над последнoто, во однос на родовата еднаквост, се наведува во извештај на Светскиот економски форум за 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Пакистан ги забрани сите новогодишни прослави во…

Владата на Пакистан ги забрани сите новогодишни…

Приведена 19-годишна мајка која го оставила своето…

На територија на Карпош била пронајдена напуштена…