Таравари за случајот со Ведат Адеми: Предложивме одземање на лиценцата на лекарот што бил на дежурство

t

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информира дека Министерството до Лекарската комора предложила одземање на лиценцата на лекарот што таа вечер бил на дежурство.

„Апсолутно го следиме случајот. Министерството за здравство веќе и предложило на Лекарската комора да му се земе лиценцата на лекарот што бил дежурен таа вечер“, рече тој.

Министерот соопшти дека целата документација за случајот и од Судска медицина пред една недела е доставена до Обвинителството.

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница. Адеми ненадејно починал откако примил терапија во болница. Неговото семејство обвинуваа дека лекарска грешка е причина за загубениот живот, кои тврдеа дека му било дадено лек на кој бил алергичен.

Претходно, Таравари го разреши директорот на кумановската болница Стефан Трајановски, кој беше сменет од функцијата откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата.

Извор – Рацин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…

Таравари за случајот со Ведат Адеми: Предложивме…

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информира…

Возач возел без лиценца за јавен превоз,…

Возач возел без лиценца за јавен превоз,…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…