Објавено на:

Илјадници луѓе во Будимпешта ги дочекаа српските студенти кои со велосипеди возат кон Стразбур

t

Студентите велосипедисти од Србија кои се на пат за Стразбур денеска пристигнаа во Будимпешта каде им беше приреден голем пречек на Плоштадот на хероите.

Тие донесоа рози, транспаренти и подготвија храна и освежување.

Студентите велосипедисти извикуваа „Исполнете ги барањата“, „Никој не е уморен, не знаеме за замор“.

Утрото на 3 април студентите тргнаа кон Стразбур, а моментално се во Унгарија и оценија дека рутата низ оваа земја е „безбедна, но бавна“.

Тие ќе поминат низ клучните европски градови, а според најавата треба да пристигнат во Стразбур на 15 април. Целта на патувањето е да се сврти вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната состојба во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…

Пожар во хотел во Будимпешта: Има загинати…

Утрово избувна пожар во Будакеши, во близина…

„Или тие, или ние“ – Студентски протест…

Во Нови Пазар денеска се одржува голем…

Во Будимпешта откриен зачуван римски саркофаг стар…

Во главниот град на Унгарија е откриен…