Објавено на:

Спасен планинар од Скопје кој залутал на Кожув

t

Денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за залутано лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко. Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите.

Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.

Во 14.00 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен, Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот.

Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри…

Неколку часа по рускиот напад врз Краматорск,…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…

Не се пронајдени дигитални траги ниту други…

Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…

Позициите на Македонија и Бугарија во однос…

ЕУ бара од Русија итно да ги…

Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…