Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри од границата

t

Неколку часа по рускиот напад врз Краматорск, во кој загинаа најмалку 30 лица, украинските сили соопштија дека ја погодиле нафтената рафинерија во рускиот град Омск, на повеќе од 2.500 километри од Украина.

Во Краматорск руска наведувана бомба експлодирала во близина на автобуси полни со патници. Покрај 30-те загинати, најмалку 18 лица биле повредени.

Подоцна истиот ден жители на Омск пријавиле две силни експлозии и чад во реонот на големата нафтена рафинерија.

Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко потврди дека регионот бил нападнат со беспилотни летала. Според него, руската противвоздушна одбрана соборила поголем дел од дроновите, но еден успеал да стигне до северниот индустриски комплекс на градот. Тој првично не соопшти што точно било погодено.

Украинскиот Генералштаб подоцна соопшти дека цел на нападот била рафинеријата во Омск, која е најголемата во Русија и има капацитет за преработка на повеќе од 21 милион тони сурова нафта годишно. Според Киев, објектот има улога и во снабдувањето на руските вооружени сили со гориво.

Рафинеријата е во сопственост на „Газпром нефт“ и веќе беше цел на украински напад во јули годинава. Размерите на штетата од најновиот напад засега не се целосно познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Приведени три лица

Три лица се лишени од слобода во…

ПРЕКИН НА СТРУЈАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВАШИНГТОН:…

Прекини во снабдувањето со електрична енергија погодија…

Тројца малолетници претепани од група врсници во…

На 01.11.2026 во СВР Скопје 49-годишна жена…

Американците ги избраа осумте најдобри места на…

Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…