Објавено на:

ЗАГИНА МАЛОЛЕТНИЧКА: Четворица повредени, уапсен тинејџер по тешка сообраќајка во скопско

t

Малолетничка го загуби животот, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(29) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, информира МВР.

Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри…

Неколку часа по рускиот напад врз Краматорск,…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…

Не се пронајдени дигитални траги ниту други…

Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…

Позициите на Македонија и Бугарија во однос…

ЕУ бара од Русија итно да ги…

Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…