Загинатото девојче имало 3 години, повредени нејзината помала сестра и родителите
Три години имала малолетничката која загина во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско. Со телесни повреди, неофицијално, се нејзината сестра која има една ипол година и родителите.
Од МВР претходно информираа дека во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(29) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, информира МВР.
Со телесни повреди се здобиле возачот Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…
Не се пронајдени дигитални траги ниту други…
Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…
Позициите на Македонија и Бугарија во однос…
ЕУ бара од Русија итно да ги…
Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во…
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална…
СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15…
Околу 43 милиони девојки на возраст од…