Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во правосудството

t

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со турскиот министер за правда Акин Ѓурлек, на маргините на Меѓународниот самит за правда што се одржува во Истанбул.

На средбата било разговарано за актуелните предизвици во правосудството, реформските процеси и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција.

Посебен акцент бил ставен на институционалниот дијалог, размената на искуства и добри практики, како и на значењето на меѓународната соработка за зајакнување на владеењето на правото и ефикасноста на правосудните системи.

Шасивари ја истакнал важноста на партнерските односи со Турција и подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

Средбата се одржа во рамките на Меѓународниот самит за правда, чиј домаќин е турскиот министер Акин Ѓурлек. Самитот во Истанбул обединува министри за правда, правници и високи претставници од повеќе земји со цел размена на искуства и зајакнување на меѓународната правосудна соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со раководството на Дојче…

Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна…

Од полноќ поскапуваат горивата: Бензините за 2,…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…

Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

(Видео) Ахмети: Македонија не е на Мицкоски…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа одржа…